И Американец ќе го засили ростерот на КК Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и петгодишниот Метју Кели ќе го засили некогашниот вицешампион на Македонија, Кошаркарскиот клуб Куманово, во текот на претстојната сезона.

Loading...

Американскиот интернационалец кој игра на плејмејкерската позиција вчера го потпишал договорот со сино-белите.

Висок е 178 сантиметри, а во Куманово се сели од Асумпшн колеџ во втората НЦАА дивизија. Таму минатата сезона просечно реализирал 15,9 поени и 3,9 асистенции и бил во втората најдобра петорка на лигата.

КК Куманово полека го финализира ростерот за новата сезона. Освен Кели, вчера својот договор го обнови Ненад Зивчевиќ, а по неколку години повторно се враќа и репрезентативецот Марјан Јанески.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја во понеделник и вторник повеќе кумановски села

Потпис за новата сезона веќе стави и кинескиот интернационалец Какаи Сун, додека први своите договори ги обновија српските интернационалци Душан Јузбашиќ и Андрија Марјановиќ.

На тренерската позиција и оваа сезона ќе остане Владимир Мирковски.

Никола Ивановски