Кинескиот интернационалец Кикаи Сун е нов член на поранешниот вицешампион на Македонија и финалист во националниот Куп, КК Куманово.
Loading...
Тој е прв Кинез во македонската кошарка, а доаѓа на препорака на тренерот Владимир Мирковски кој долго време работеше во оваа држава.
Сун игра на крилните позиции, висок е 196 сантиметри, а настапувал во НЦАА за Сетон Хол Универзитетот од Њу Џерси.
Последната сезона ја поминал во тимот Њујорк Харлем Андердогс каде просечно постигнувал по 11,4 поени, 4,6 скока и 2,1 асистенции по натпревари.
ПРОЧИТАЈТЕ И: Димитриевски учествуваше на меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам (ФОТО)