Знаете ли за навиката кај некои луѓе да оставаат чаша со вода во близина на креветот кога ќе заминат на спиење? Време е да престане таа навика.
Водата не само што нема ист вкус како претходно, туку го менува и својот состав.
Спротивно од храната, водата не содржи шеќер и протеини кои би можеле лесно да бидат на мета на микробите и така да ја загадат. Сепак не постои објаснување од каде доаѓа чудниот вкус во водата која стоела цела ноќ покрај креветот.
Големата количина на прашина и бактерии може да се собере во чашата, исто така. Водата во текот на ноќта го впива јаглеродниот диоксид и мал дел на СО2 се претвора во јаглеродна киселина, што значи дека водата е изложена на хемиска промена на составот.
Тоа не значи дека истата е лоша, но вкусот кој го менува во текот на ноќта зборува доволно.