Човечки труп и облека вчера попладне биле пронајдени на ливада во атарот на кривопаланечкото село Конопница.
Loading...
– На 12.06.2022 во 17.24 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека во ливада во атар на с.Конопница, кривопаланечко, бил пронајден дел од човечки труп и облека, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
По наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција.
Никола Ивановски