Сиромаштијата меѓу народот и институциите уште еднаш се одби од најранливите, т.е од бегалците, вели за Кумановски Муабети, граѓанскиот активист Мерсиха Смаиловиќ, коментирајќи го завчерашното задржување на бегалците без греење во ТЦ “Винојуг”- Гевгелија, откако такси превозниците повторно ги блокираа пругите кои водат кон северната граница на Македонија.

Според Смаиловиќ, повластената одлука на Координтативното тело со кое раководи Никола Тодоров има донесено уште една одлука спротивна на Законите, а тоа е ставање на Македонски железници во повластена позиција.
Со приморување на бегалците единствено да го користат возот како превозно средство за транспорт долж Македонија, и зголемување на цената на билетот за 300%, не смени ништо, освен што условите во возовите останаа исти, а кои услови се максимално нехумани. Го разбирам револтот на таксистите, но не го оправдувам начинот. Бегалците заради борбата за профит, вчера поминаа 24 h.во студениот камп. Мали деца, бебиња, бремени жени, стари луѓе, спиеа на бетон, на клупи, земја…. Кој ќе им ја надокнади преживеаната траума? Зошто наместо да им олеснат, надлежните повторно го комплицираат нивниот превоз?


