Новите власти на сепаратистичката проруска област Јужна Осетија синоќа најавија дека ќе се откажат од организирање референдум за нивно присоединување кон Русија.
Новоизбраниот претседател на таа област, Алан Гаглоев, во указот се осврна на „неизвесностите поврзани со правните последици“ од таквиот референдум, за што одлучи неговиот претходник Анатолиј Библов. Референдумот требаше да се одржи на 17 јули.
Шангај се враќа во нормала: Продавниците се отвораат, а сообраќајот се нормализира
Гаглоев укажа и на „недозволивоста на еднострана одлука на референдум за прашања поврзани со правата и легитимните интереси на Руската Федерација“.
Сепак, Гаглоев повика консултациите со руската страна да се одржат без одлагање за низа прашања поврзани со поголема интеграција на Јужна Осетија со Руската Федерација.
Америка уапси 10-годишно момче поради закани за пукање во училиште (ВИДЕО)
На 13 мај, властите на Јужна Осетија објавија дека Анатолиј Бибилов потпишал декрет за одржување референдум, наведувајќи ги „историските аспирации“ на жителите на регионот да се приклучат на Русија, која граничи со регионот.
Бибилов не беше реизбран за претседател на изборите во областа на почетокот на мај, а Русија изрази надеж дека неговиот наследник Алан Гаглоев ќе обезбеди „континуитет“ во односите со Москва.
Шангај се враќа во нормала: Продавниците се отвораат, а сообраќајот се нормализира
Јужна Осетија беше во центарот на руско-грузиската војна во 2008 година, по што Кремљ ја призна нејзината независност, како и независноста на друг грузиски сепаратистички регион Абхазија, и таму постави воени бази.