Само на Балканот: Одржал „генерална проба“ за својот погреб, на работниците им платил за да плачат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Човек од Бања Лука Миладин Јелиќ стана хит на социјалните мрежи. Тој решил додека бил жив да си направи гробница, но не застанал тука, па направил „проба“ за својот погреб.

Loading...

Познат е, како што велат неговите познаници, по тоа што од се прави шоу, па ни „генералната проба“ на сопствениот погреб не ги изненади.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое Јелиќ го пробува гробот, а по него плачат двајца работници. Како што рече за порталот БЛ, по завршувањето на работите направиле мала шега, а тој рекол дека на работниците им дал по 50 евра да плачат за него.

Инаку, Миладин Јелиќ е познат како Маза, тој е сопственик на истоименото кафуле во Бања Лука. Вели дека кај него доаѓаат естрадни ѕвезди, како Саша Матиќ, бидејќи таму се чувствуваат добро.