Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска го отвори традиционално Државното првенство во атлетика за средни и основни
училишта, кое последователно се одржува веќе 6 години во Куманово, во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија и Општински сојуз на училишен спорт – Куманово.
Во изминатите 4 години во Куманово се изградија 14 отворени спортски терени, реконструирано е игралиштето во Соколана, изградени беа три нови училишни спортски сали, а во моментот се реконструира нашата Спортска сала и се гради ново спортско игралиште во градскиот парк.
Развој на спортот во Куманово и обезбедување на услови за правилен развој на идните генерации остануваат приоритет на Општина Куманово.
На настаните учество земаа над 400 спортисти од скоро сите градови од државата.