Германскиот извоз во Русија во март, поради санкциите воведени поради војната во Украина, падна за 57,5 отсто во споредба со истиот месец лани. Заводот за статистика на Германија објави дека вредноста на извозот во Русија изнесува 1,1 милијарда евра.
Така, во март Руската Федерација падна на 12-то место меѓу земјите кои се најважни дестинации за германскиот извоз надвор од ЕУ“, се вели во соопштението.
Инаку, Русија уште во февруари беше на петтото место од земјите дестинација на германски извоз надвор од ЕУ.
Извозниците во Германија очекуваат оваа година да им биде многу тешка.
„Војната во Украина е тежок товар за германската надворешна трговија“, предупредува Дирк Јандур, претседател на Здружението на извозници.