Украински функционер: Руската офанзива во Донбас веќе започна

Сподели со своите пријатели

Почна најновата руска офанзива во источниот регион Донбас, изјави во понеделникот висок украински функционер, предупредувајќи дека Русија продолжува да собира сили таму, пишува Си-Ен-Ен.

Вадим Денисенко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, во изјава за националната телевизија рече дека од негова гледна точка, оваа голема офанзива во источна Украина веќе е започната.

 

Анкара размислува да купи руски ловци Су-57

 

Првите воздушни напади и експлозии

– Мораме да разбереме дека тоа нема да се повтори на 24 февруари, кога почнаа првите воздушни напади и експлозии и кога рековме: „Војната започна“. Веќе започна големата де факто офанзива – рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца загинати во пад на мал авион во Австралија

Украинските и западните официјални лица во последните денови рекоа дека го набљудувале движењето на руските трупи во Донбас по големите неуспеси на Москва во нејзините напори да го заземе Киев.

 

Британија: Русите би можеле да користат фосфорни бомби во Мариупол. Можат да изгорат човек до коска

 

– Русите ги акумулираат своите сили. Тие продолжуваат да ги прераспоредуваат своите војници и опрема во регионите Доњецк и Луганск – рече Денишенко.

Нема големи битки

– Да, сѐ уште нема поголеми битки за кои толку многу се зборуваше последните денови. Но, генерално, можеме да кажеме дека офанзивата е веќе започната – истакна тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ким Џонг Ун ги пофали војниците кои се самоубиле за да избегнат заробување во Украина

 

Анкара размислува да купи руски ловци Су-57

 

Денишенко ги забележа експлозиите во текот на ноќта во областа Днепропетровск и рече дека продолжува и гранатирањето на Харков, вториот по големина град во Украина.

Шефот на украинската регионална воена управа во Луганск, Серхиј Хаидаи изјави дека украинските власти организираат засилена евакуација во Донбас, додавајќи дека на 11 април се закажани уште возови за евакуација од Луганск и Доњецк, пишува Си-Ен-Ен.