Голема рација против неонацистите во Германија

Сподели со своите пријатели

Германските инспектори во средата претресоа повеќе од 60 објекти низ Германија поврзани со неонацистичката сцена, при што уапсија четири лица.

Loading...

„Извршен е претрес во објекти во единаесет покраини и четири лица се уапсени, три во Ајзенах, Тирингија и едно во Ротенбург, Хесен“, соопшти државното обвинителство на Карлсруе.

Уапсените припаѓаат на раководството на радикалната десничарска група „Нокаут 51“, која е под надзор на Канцеларијата за заштита на уставниот поредок.

 

Зеленски: Знаеме дека Русите се обидуваат да мобилизираат нови идиоти

 

Во рамките на оваа група, „под маската на тренинг за боречки вештини“ се собираат млади луѓе свртени кон националсоцијалистичката идеологија.

Во Ајзенах групата се обидела да воведе „нацистички кварт“ и организираla патроли за време на кои bile нападнати членови на левичарската сцена.

Loading...

Другите претреси биле поврзани со неколку други десничарски екстремистички групи, вклучувајќи ги забранетите Combat 18, Sonderkommando 1418 и Atomwaffen Division Deutschland.

Целта на овие групи, според соопштението на Јавното обвинителство, била „да се соберат поддржувачи со цел да се подготват терористички напади како дел од расната војна како и да се уништат демократските системи“.

 

Кина: САД да покажат посветеност во решавањето на украинската криза

 

Во акцијата учествувале повеќе од 800 полицајци, а во истрагата била вклучена и воената разузнавачка служба.

Според најновите статистички податоци за 2020 година, бројот на кривични дела со десничарско екстремно потекло е во пораст. Во 2020 година се евидентирани 23.604 вакви дела што е зголемување за 5,65 отсто во однос на 2019 година.