Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека ситуацијата на југот и во регионот на Донбас се уште е многу тешка и откри дека отпуштил двајца припадници на службата за национална безбедност поради обвинувања за предавство.
Зеленски открива дека тие се шеф на внатрешната безбедност и шеф на безбедносниот огранок во регионот Херсон.
Експлозија во рудник во Србија; Затрупани рудари, има и повредени
„Сега немам време да се занимавам со предавници, но тие ќе бидат казнети со време“, рече тој.
Зеленски рече дека Русите се „многу злобни“ и дека имаат намера да уништат, да се однесуваат како да се од друг свет, како „чудовишта кои палат и ограбуваат, кои напаѓаат и се склони кон убивање“, пренесува Ројтерс.
Загинаа 8 рудари во експлозијата во Србија, 20 лица се повредени
– Ни претстојат уште битки. Ќе треба да тргнеме по многу тежок пат, да добиеме се што сакаме. Ситуацијата во Донбас останува исклучително тешка – изјави Зеленски.