Објавени резултатите од пописот: 54,25 отсто Македонци живеат во земјава

Сподели со своите пријатели

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски денеска на прес конференција ги објави официјалните резултати од Пописот на земјата, кој што се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година.

Loading...

Симовски посочи дека вкупниот број на населението во земјава изнесува 1.836.713 жители.

Податоците покажуваат дека од вкупно попишаните лица 54,25 отсто се Македонци, 29,52 отсто се Албанци, 3,98 Турци, 1,18 се изјасниле како Срби, 0,87 се Бошњаци, а 0,34 отсто се Власи, информираше директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Поопширно наскоро!