Воен експерт: Мариупол веројатно наскоро ќе падне

Сподели со своите пријатели

Воениот експерт Џек Ватлинг, научен соработник за копнена војна во тинк-тенкот на лондонскиот институт Кралски Обединети Сервиси, коментираше за Би-Би-Си за војната во Украина.

Loading...

Тој вели дека Ирпин, кој се наоѓа северно од Киев, е повторно под украинска контрола и покажува нееднаквост во моралот, опремата и набавките меѓу двете страни.

„Обично преземањето на теренот бара три пати поголем број на непријателски војници, а уште повеќе во урбана средина“, вели тој.

 

„Ако не сте имале Ковид, веројатно немате ниту пријатели“

 

„Русите се ранливи“

„Тоа покажува дека таму каде што Русите немаат артилерија, тие се навистина ранливи во моментов“, рече тој.

Loading...

Вотлинг, исто така, вели дека е многу веројатно Мариупол наскоро да падне.

„Руските сили потоа ќе почнат да ги опкружуваат украинските единици во регионот Донбас на исток“, вели тој, во кој се вклучени некои од најдобрите украински трупи кои се борат најдолго.

„Тие ќе имаат малку муниција, ќе бидат многу уморни и тоа би било голем проблем за украинската армија“, вели тој.