Песков: Преговорите меѓу Русија и Украина се очекува да започнат утре

Сподели со своите пријатели

Тешко дека преговорите меѓу делегациите на Русија и Украина во Истанбул ќе започнат денеска, се очекува да започнат на 29 март, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Loading...

Тој рече дека делегациите денеска заминуваат за Турција, но дека преговорите се очекува да започнат утре, пренесува РИА Новости.

 

Хајнекен ја прекина работата во Русија

 

Тој додаде дека сѐ уште не може да зборува за напредокот во преговорите меѓу Русија и Украина, но оцени дека е важно што е одлучено тие да продолжат во Истанбул.

„Засега не можеме и нема да зборуваме за напредок. Самиот факт дека е одлучено да се продолжат разговорите во директен формат е секако важен“, изјави Песков за новинарите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 51 мигрант исчезна во Атлантскиот Океан

Тој додаде дека директните разговори во Истанбул ќе им овозможат на страните да имаат побогат дијалог.

Loading...

 

Првата мина го запре сообраќајот во Црното Море. Турција сега најде уште една

 

Песков изјави дека нема да има средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата на руската и украинската делегација во Истанбул.

„Не, нема напредок“, рече Песков, одговарајќи на прашањето дали има напредок кога станува збор за евентуална средба меѓу Путин и Зеленски и дали тоа може да се очекува по преговорите меѓу делегациите во Истанбул.