Наковски во трилер борба загуби од Бермета, но беа прогласени за најборбен пар (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот боксер Филип наковски во трилер борба загуби од повеќекратниот шампион Албан Бермета, но беа прогласени за најборбен пар на турнирот кој се одржа во Бујановац, Република Србија.

Loading...

Наковски во првата рунда влезе сигурно и со цврсти и остри удари одржуваше водство.

 

 

Во втората рунда Бермета влезе поостро, каде што и двајцата не се штедеа и ја направија оваа борба најинтересна бидејќи имаше три броења. Првин Филип го турна Бермета во нокаут за подоцна да мму бројат два пати и на Филип.

– Со оглед на околностите да тренирам сам во импровизирани тренинзи и условите во кои тренираме и паузата од излегување во рингот, не можам, а да не бидам задоволен од прикажаното. Во оваа борба мислам дека немам ништи загубено и сум задоволен од прикажаното, изјави Филип Наковски за Кумановски Муабети.

Во продолжение погледнете ја и борбата меѓу Наковски и Бермета.

Loading...