Украински омбудсман: Од почетокот на инвазијата во Украина загинаа 78 деца

Сподели со своите пријатели

Украинскиот омбудсман за човекови права Људмила Денисова денеска изјави дека од почетокот на рускиот напад врз таа земја во Украина загинале 78 деца.

Loading...

Људмила Денисова рече дека поради борбите околу Мариупол на југот на земјата, Волновак на исток и Ирпин кај Киев, украинските власти не се во можност да го утврдат точниот број на жртви.

 

Украина тврди: Путин планира терористички напад врз нуклеарната централа во Чернобил

 

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека руските сили убиле повеќе украински цивили отколку војници.

„Сакам да го слушнат не само во Киев, туку и во целиот свет“, рече Резников, пренесува Ројтерс.