Украина тврди: Путин планира терористички напад врз нуклеарната централа во Чернобил

Сподели со своите пријатели

Главниот разузнавачки оддел на Министерството за одбрана на Украина тврди дека рускиот претседател Владимир Путин планира терористички напад врз нуклеарната централа во Чернобил.

Loading...

Нуклеарната централа Чернобил е под руска контрола, а Украина тврди дека Русите ќе предизвикаат катастрофа и дека одговорноста за тоа ќе се обидат да ја префрлат на Украина.

Нуклеарната централа во моментов е целосно исклучена од мониторинг системите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и е без струја.

„Русија одби да дозволи пристап до станицата на украинските сервисери. Наместо тоа, „белоруските експерти“ отидоа таму по инструкции на Александар Лукашенко. Меѓу нив има и руски диверзанти кои организираат терористички напад“, наведува Главната управа за разузнавање на Министерството за одбрана.

 

 

Украинците тврдат дека Русите ќе подготват „лажни докази“ за да се обидат да ја потврдат вмешаноста на Украина во катастрофата.

Loading...

„Без да го добие посакуваниот резултат од копнената воена операција и директните преговори, Путин е подготвен да прибегне кон нуклеарна уцена од светската заедница“, тврди Централната разузнавачка агенција.

Украина предупредува дека ваквите постапки на Путин ќе имаат катастрофални последици за целиот свет.