Меѓународниот олимписки комитет бара Русија и Белорусија да бидат исфрлени од сите натпреварувања

Сподели со своите пријатели

Во понеделникот Меѓународниот олимписки комитет им препорача на организаторите на големите спортски натпревари да не покануваат или да дозволат учество на спортисти од Русија.

Loading...

Ескалацијата на конфликтот во Украина од ден на ден ги шири своите последици во светот на спортот, а МОК својот потег го оправдува со „зачувување на интегритетот на светските спортски натпревари и безбедноста на сите учесници“.

И покрај тоа што многу руски спортисти повикаа на прекин на агресијата и војната меѓу Русија и Украина, се чини дека нема да ги заобиколат санкциите што ги трпи нивната земја.

Овие санкции и акцијата на Меѓународниот олимписки комитет важат и за Белорусија, која застана на страната на Русите во агресијата против Украина.

Сепак, странските медиуми пишуваат дека ќе има одредени исклучоци, како што беше случај на некои од натпреварите каде руските спортисти се натпреваруваа под знамето на Олимпискиот комитет поради допинг скандалот.

„Руските спортисти можат да бидат натпреварувачи, тимски или индивидуални, само како неутрални, без национални симболи или бои, без химни“, се вели во соопштението на МОК.

Инаку, МОК се реши на ваков потег откако Украинците во неделата побараа од водечкото спортско тело да реагира на нападот врз нивната земја.