Како што информира УХМР во дневниот билтен, денес се очекува променливо облачно време со повремен локален дожд, особено претпладне.
Loading...
Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северозападен правец. Максималната температурата ќе биде во интервал од 15 до 23 степени.
За време на продолжениот празничен викенд ќе се задржи променливо облачно и потопло време со сончеви периоди.
Во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд. Во петок и сабота ќе дува и повремено засилен југозападен ветер, особено во западните делови од земјата.