„Не се чувствуваме безбедно тука“, велат припадниците на „Лев Тахор“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Членовите на радикалната еврејска верска заедница „Лев Тахор“ доцна вечерва го напуштаат Куманово, а со тоа и Македоднија, екипата на Кумановски Муабети ги посети во куќата во која што се сместени и накратко разговараше со еден од членовите, кој вели дека не се чувствуваат безбедно тука.

Loading...

Ни рече дека се вика Голдмен и дека по потекло е од Соединетите Американски Држави, иако неговиот англиски јазик беше многу лош. Меѓусебно комуницираат на стар еврејски ортодоксен јазик, кој вели дека е многу сличен на германскиот.

Како што раскажа пред нашиот објектив, доживеале дискриминација поради тоа што се Евреи и дека за нив е невозможно да бида тука.

– Јас сум Евреин, но ние сме ортодоксни Евреи, стари Евреи. Дојде сопственикот на куќата и ни рече дека ќе го убиеле зошто ни ја изнајмил куќата, на луѓе што ним не им се допаѓаат, рече Голдмен.

 

 

Вели дека полицијата се однесувала кон нив навистина коректно и се обидела да ги заштити од многуте кумановци кои доаѓале и ги вознемирувале.

Loading...

– Полицијата беше супер, навистина дојдоа во сабота навечер двајца полицајци, никогаш не нѐ допреа, беа тука цело време поради безбедноста, навистина беа супер, рече тој.

Вели дека гласините дека лошо ги третираат децата не се точни, дека и самиот има дете, но дека некој дошол и му покажувал како ги фотографирал додека си играле во дворот и дека тајно го снимал.

– Приметив и во весниците за некое момче кое вели дека децата ги третираме лошо, ако беа тука (сместени се со жените во друга куќа) ќе ви покажев дека се добро, имам и јас дете. Имаше и еден што ме снимаше, без да ми каже, и зборуваше со мене и ми рече дека ги видел децата, тие се играат надвор, ги гледал. Му кажав дека не правиме ништо лошо на децата, да беше така јас немаше да бидам среќен, имаше фотографии од нашите деца, раскажува тој.

Вели дека е роден во заедницата, дека често се селеле. Од САД па во многу други држави, но дека тоа на крајот на краиштата бил нивен избор.

– Јас сум роден во заедницата, но се селевме често, бевме во САД и во други држави и тоа беше наш избор, цело време сме така, секој што сака да биде тука, не му кажувам на мало дете, не може да разбере, но секој има право и можност во моментот кога сака да си оди, да си оди или да дојде, рече тој.

На прашањето дали и што работи не сакаше да даде одговор. Вели дека биле во повеќе држави во Европа, а во Македонија сакале да останат еден месец. Зошто токму Куманово, вели дека тоа знае шефот, кој очигледно не е тука.

– Ние сакавме да живееме еден месец тука, потоа да ја напуштиме државата, сакавме да бидеме пријателски настроени, мислевме дека Македонија ќе биде добра, дојдовме пред три дена тука, во петок, потоа во сабота веќе имаше луѓе што ни тропаа на вратата. Разбирам дека луѓето се можеби исплашени, не сме направеле ништо лошо, раскажува тој.

 

Loading...

 

Пред да започнеме со снимање, во слободен разговор ни рече дека биле во Босна и Херцеговина претходно, дека и таму наишле на дискриминација, но никаде како во Куманово.

Вели дека не се што пишуваат за нив е точно и дека тие не се криминалци како што некои медиуми сакале да ги претстават.

Тие се триесетина на број, живеат во две куќи во Куманово. Во едната се мажи и машките деца, а во другата жените и девојчињата. Живеат и се хранат многу здраво, од храна што генерално сами ја произведуваат и се вегетаријанци. Слабо користат технологија. Зборуваа пред нас на телефон со некого, но користат релативно стари модели на телефони.

Вечерва тие ја напушваат државата, каде конкретно не знаеја или не сакаа да ни кажат. Со нив имаше полиција и автобус каде беа сместени нивните лични работи.

Тука беа и сопствениците на куќата што им ја изнајмиле. Велат дека претходно биле сместени во хотел во околината на Куманово, па агенција ги контактирала за да им ја изнајми куќата и така дошле во контакт. Не правеле проблеми во околината, но наишле на многу дискриминација.

Во сабота некој им ја исшрил портата, а вчера некој гаѓал со јајца кон куќата и доаѓале многу млади и деца, како од градот, така и од цела држава.

Loading...

Никола Ивановски / Стефан Младеновски