Георгиевски: Куманово има квалитет и тоа ќе го покаже на теренот

Сподели со своите пријатели

Кошаркарскиот клуб Куманово од 8 јануари оваа година после паузата поради празниците се врати на тренинзите и полека се подготвува пред продолжение од шампинатот и предизвиците кои следуваат.

Loading...

Сите се фокусирани и вредно работат пред следните натпревари,а прв на програмата ќе биде на 23 јануари и дуелот со Гостивар на домашен терен.

Паузата до следниот меч и овие мирни денови ги искористивме да поразговараме со капитенот на тимот Ѓорѓи Георгиевски.

  1. Ѓорѓи од колку години тренираш кошарка и што за тебе значи дресот на К.К. Куманово каде од оваа сезона си капитен на тимот

Ѓ.Г:  – Со кошарка почнав да се занимавам од  својата 10-та година  каде првите кошаркарски чекори ги направив во тогашната кошаркарска школа на тренерот Игор Михајловски. Во К.К Куманово дојдов на 16-годишна возраст каде што до ден денеска со големо задоволство и чест го носам плаво-белиот дрес на нашиот прволигаш. Верувајте ми дека нема поголема чест да се биде капитен на клубот од својот град, место каде што си се родил, израснал и живееш во него, а воедно и го претставуваш.

 

 

  1. Koj ќе биде крајниот дострел на К.К.Куманово оваа сезона?

Ѓ.Г: – Оваа сезона како и двете предходни кои поминаа се многу тешки  и чудни со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме со пандемијата и која се надеваме дека ќе заврши што поскоро. Оваа година ја стартувавме со мали потешкотии каде што загубивме некои важни натпревари во првенството. Сега ситуацијата е стабилна во клубот и заедно со останатите соиграчи сигурен сум дека ќе го вратиме клубот таму каде што припаѓа и каде му е местото,а тоа е во топ 6 екипи во македонскиот шампионат.

Loading...
  1. Што мислиш за квалитетот на македонското кошаркарско првенство и според тебе кој е фаворит за освојување на титулата оваа година?

 Ѓ.Г: – Квалитетот на домашното машко кошаркарско првенство секоја година оди во нагорна линија кога е во прашање квалитетот,  но мислам дека има простор и потенцијал за уште поголем напредок. Оваа година се издвојуваат според квалитетот и играчкиот кадар битолски Пелистер и скопски МЗТ Скопје кои воедно се и најголеми фаворити за освојување на трофејот. Има и други тимови кои би изненадиле од сенка. Рано е за било каква прогноза, затоа што допрва ќе се играат квалитетни и изедначени натпревари во нашиот шампионат.

 

 

  1. Која победа ти е најдрага во кариерата, а кој пораз најтешко ти паднал?

Ѓ.Г: – За најдрага победа во мојатата кариера во дресот на Куманово би го издвоил триумфот против Работнички во Градски Парк во Скопје каде со кош во последните секунди влеговме во финалето на македонскиот шампионат, додека за најболен пораз дефинитивно изгубениот меч против МЗТ Скопје во финалето  2016 година, натпревар на кој и до ден денеска се сеќавам на секој момент од мечот на кој можевме да бидеме дел од историјата на мак кошарката, но бевме поразени на крајот.

 

 

Loading...

5.Како капитен на тимот која е твојата порака до армијата навивачи на К.К.Куманово?

Ѓ.Г: –  Кошарката но и воопшто спортот се игра за публика.Tоа е игра каде што сите ние треба да се забавуваме и натпреваруваме, да бидеме заедно во победи и во порази. Би сакал да ги видам навивачите во што е можно поголем број на нашите средби во оваа ситуација колку што ни дозволуваат протоколите, но сигурен сум дека за брзо време ќе се дружиме во Спортската Сала во нашиот град кога ќе блесне во сиот пол сјај, со полни трибини како во старите добри времиња. До крајот на шампионатот ветувам дека нашиот тим ќе го даде својот максимум и се надевам дека ќе го загубеното од лошиот старт на сезоната и ќе се бориме за пласман во Супер лигата и најдобрите шест екипи.Куманово има квалитет и тоа ќе го покаже на теренот.