Куманово го чествува празникот Свети Никола (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со Света божествена литургија во Соборниот храм во Куманово денеска започна чествувањето на големиот христијански празник Свети Никола, а потоа се одржа литија низ централното градско подрачје.

Loading...

 

 

Повеќе Архијереи на Македонската православна црква – Орхидска архиепископија денеска беа дел од чествувањето на празникот, а богослужбата ја предводеше митрополитот на Кумановско – Осоговската епархија Григориј, кој ја освети водата по литијата на платото пред Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

 

 

Loading...

Митрополитот Григорија во своето обраќање до верниците порача дека ова е традиција со која се искажува почит кон делата на Свети Николај.

– На вас сите овде собрани во оваа соборна заедничка, најпрвин литургија, а еве и осветувањето на водата, со која и претходно на вакви литии се собиравме и ова останува континуирано да го правиме секогаш во градот Куманово како традиција која што ќе ја искажеме честа и почитта за делата на Светиот Николај кој ќе го молиме секогаш да нѐ застапува со своите молитви пред воскреснатиот Христос, рече митрополитот.

 

 

Инаку на чествувањето на празникот освен голем број верници и граѓани, присуствуваа и градоначалникот Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, како и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Мото клуб „Мечки“ и Здружението на граѓани „Коледари“.

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

Текст/фото: Никола Ивановски