Џејсон Момоа се појави на премиерата на „No Time To Die“ со неговите деца, ќерката Лола Иолани (14) и синот Нако-Волф Манакауп Намакае (12), а сличностите на славниот татко и неговиот син го привлече вниманието на сите посетиттели.
Loading...
Се разбира, треба да се очекува дека децата личат на нивните родители, но ова дуо го издигна ова на повисоко ниво, бидејќи изгледаат потполно идентично. Имаат дури и иста фризура. Се чини дека Момоа го инспирираше својот син да ја пушти косата за да можат татко и син да се пофалат со еднаквата должина и боја на коса.
Џејсон и неговата сопруга Лиза Бонет започнаа врска во 2005 година. Две години подоцна тие добија девојче Лола, а во 2008 година син. Во брак се од 2017 година.