Почна реконструкцијата на училишната зграда во кумановската гимназија „Гоце Делчев“, соопштија денеска надлежните.
Loading...
Во првата фаза ќе се заменат прозорците на училниците, а во втората ќе се реконструира фасадата.
Loading...
– Се надеваме дека ќе добиеме поквалитетни услови за изведување на наставата. Заменетите прозорци и фасадата ќе придонесат за заштеда на енергијата, изјави директорката на гимназијата, Марија Тодороска.
Во пандемискиот период гимназијата набави паметни табли, а беше изградено и спортско игралиште. Настава во „Гоце Делчев“ следат 955 ученика. Гимназијата функционира од 1946-та година. Претходно столаријата била заменета во 80-тите години од минатиот век.
Loading...
Loading...
Loading...
Loading...
МИА