„Вечерва ги затворивме листите за кандидати за градоначалник и советничката листа „За наше Куманово” со голема граѓанска поддршка од над 1250 потписи”, рече вчеравечер градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, заблагодарувајќи се за масовната поддршка која им ја дадоа кумановчани.
„Сакам да се заблагодарам на сите Кумановчани кои ни дадоа доверба да бидеме нивни кандидати на локалните избори 2021 година. Ветувам дека ќе продолжиме да работиме на развојот на градот и иднината на нашите сограѓани како досега со уште поголеми амбиции и енергија, посветено, чесно, отчетно и одговорно”, додава тој.
Според Димитриевски граѓаните на Куманово се тие кои дадоа поддршка на еден ваков концепт и токму тие ќе победат на овие избори.
„На следните избори граѓаните на Куманово ќе победат”, потенцира Димитриевски.