Кемал Шантриќ од Пријепоље веќе 50 години држи семка од слива во устата. Виталниот старец ја стекнал оваа необична навика откако одлучил да престане да пуши, да пие кафе и да јаде пршута.
Тој се ослободил од нездравите навики, но не можел да помине еден час без семка, па наместо пури, секогаш има неколку резервни во џебот. Кемал не ја вади семката од устата дури и кога спие, и вели дека не би можел да се гледа без неа.
– Ја јадам таа слива и семката ми останува во устата, јадам, пијам и спијам со неа. Семката не ми пречи, но еднаш ми испадна од устата – вели Кемал.
Кемал има 84 години и е многу витален, оди секое утро во близина на Лим кај Пријепоље и најмногу од се сака да седне со пријателите на разговор и чаша ракија во кафуле каде со задоволство е добредојден гостин.
– Кемал е гостин за кого може само да се посака, сите го сакаат и многу луѓе се собираат околу него. Секогаш можете да слушнете нешто убаво од него – рече пријателот, угостител на Кемал, Мирсад Бјелак.
Благодарение на семката од слива, тој успеа да го надмине нагонот за пушење, што му помогна да достигне старост.