Единственото прашање што сите го поставија откако го погледнаа видеото од тепачката во Бразил беше: „За што ли само размислувал?“.
Бразилец од општина Бајеу дошол на вакцинацијата придружуван од неговата љубовница, велејќи на жената да оди на пазар. Она што тој не го знаел е дека и неговата сопруга планира да се вакцинира истиот ден, но таа му рекла дека ќе ја посети сопругата на неговиот брат.
Двајцата дошле на вакцинација, не можејќи да поверуваат во она што го гледаат – на неколку метри од нив стоеше „херојот“ од нашата приказна со неговата љубовница!
Сопругата веднаш скокна врз љубовницата која се бранеше фрлајќи столови кон неа и другата жена, но тоа не и помогна многу. Заработи неколку модринки и мораше да оди во болница наместо вакцина.
Не е познато како заврши оваа брутална епизода од вакцинацијата, но судејќи според однесувањето на главниот актер, очигледно е дека тој негува еднакви чувства кон сопругата и љубовницата.
E o cara que foi levar a amante pra vacinar e encontrou a mulher e a cunhada na fila? pic.twitter.com/HTAxkpEECy
— Jhon | A Tropa da Fadinha tá ON 😎 (@jhonhenriqueofc) July 21, 2021