Нудисти во Австралија нападнати од елен, побегнале во шумата и се изгубиле: Казнети за кршење на корона мерките!

Сподели со своите пријатели

Австралиските власти казнија двајца нудисти пливачи за кршење на заклучувањето поврзано со „ковид-19“, откако исплашени од див елен налетале во шумата и се изгубиле, па мораа да бидат спасени од службата за итни случаи.

Loading...

Инцидентот веднаш се проширил на социјалните мрежи, пренесува Танјуг.

Двајцата биле меѓу 44 лица казнети за време на викендот за кршење на ограничувањата во Сиднеј и околните области, или мерки насочени кон спречување на ширењето на многу заразната делта на коронавирусот, пренесува Ројтерс.

 

 

„Тие беа исплашени од елен, налетале на национален парк и се изгубиле“, рече Мик Фулер, полициски комесар на Нов Јужен Велс, најнаселена австралиска држава, опишувајќи го вчерашниот инцидент.

„Не само што им требаше помош од службите за итни случаи и полицијата за да ги спасат, туку и двајцата добија казна“, рече тој.

Loading...

Полицијата соопшти дека мажите побарале помош откако се изгубиле во шумата во близина на затскриена плажа во Кралскиот национален парк, крајбрежна област јужно од Сиднеј, каде се наоѓа барем една плажа за нудисти.

Екипите за итни случаи, поддржани од полициски хеликоптер, откриле гол 30-годишник кој носи ранец и 49-годишник кој бил делумно облечен, соопшти полицијата.

 

Leave a Reply