Министерството за здравство со препораки за заштита на населението од топлото време

Сподели со своите пријатели

Министерството за здравство денеска упати препораки за ослободување на бремените жени и лицата над 60 години од работните обврски поради фактот дека Македонија денеска и утре ќе биде во портокалова фаза поради високи температури.

Loading...

Воедно од министерството потсетуваат дека населението во целиот летен период е потребно да ги почитува следните општи мерки за заштита на здравјето:

– Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

 

 

– Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор.

– Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.

Loading...

– Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

– При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

– На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

 

 

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката.

Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата и по потреба ќе предлага мерки и активности за минимизирање на евентуални штетни ефекти од високите температури.

Loading...

Leave a Reply