НОВО ПРАВИЛО ВО ЕУ: Колку пари смеете да пренесете преку граница?

Сподели со своите пријатели

Новото правило е дел од стратегијата на Унијата за борба против перење пари и финансирање тероризам.

Loading...

Освен декларацијата за готовина, се очекуваат и бројни други промени на тоа поле.

 

 

Низ Европската унија, во четвртокот стапи на сила правило дека секој што влегува или излегува од ЕУ мора да пополни декларација за готовина, ако има 10.000 евра или повеќе во таа валута или еквивалентно во други валути, како и други средства за плаќање, како патнички чекови или меници, но и злато.

Ништо не е променето во износот, сеуште можете да префрлите до 10.000 евра во готово, но доколку имате повеќе од тоа, од денес мора да пополните изјава за потекло на тие пари.

Комисијата наведува дека царинските службеници на влезовите во ЕУ имаат право да ги проверуваат патниците, нивниот багаж и превозните средства. Тие исто така имаат право да запленат пари кои не се пријавени.

Loading...

 

 

Дефиницијата за готовина ќе се прошири и вклучува чекови, монети со најмалку 90 проценти злато, златни прачки и слични артикли.

Доколку царинските службеници оправдано се сомневаат дека парите се поврзани со криминална активност, ќе можат да одземат пари во износ помал од 10.000 евра.

Декларациите за готовината ќе се чуваат дури пет години со цел да се следи колку пари влегуваат и излегуваат од Унијата.

Leave a Reply