Легендата за Ајдучко кладенче во селото Жегљане

Сподели со своите пријатели

На јужната страна од врвот „Китка“ на планината Козјак во атарот на селото Жегљане се наоѓа(л) буен и студен извор, наречен Ајдучко кладенче.

Loading...

 

 

Во почетокот на XV век, кога Турците ги разбиле и последните организирани војски на српските феудалци што владееле во Козјачијата, извесен дел од населението се повлекло високо во планината Козјак, таму се криеле и повремено напаѓале помали групи турска војска што крстосувала по освоените територии.

 

 

Loading...

Со оглед на тоа што од врвот на Китка, анд самото Ајдучко кладенче има одличен видик на целата Козјачија, ајдутите тука поставувале своја стража и благовремено биле известувани за секое движење на турските војски. Честопати, покрај убавата изворска вода, одморала и целата ајдутска дружина.

 

 

Дури и подоцна, до крајот на турското владеење на планината Козјак постојано имало група ајдути, на кои Ајдучкото кладенче им било омилено место за одмор во напорното ајдуштво. Поради нивното често присуство, изворот така и бил наречен.

 

 

Loading...

Раскажал: Дичко Ј. Младеновски, 1967 година

Извор „Наш весник“: 15 јануари 1971 година

фото: Википедија

Leave a Reply