Холивудската актерка Шерон Стоун во своите мемоари откри голем број непознати детали од нејзиниот живот, а некои од нив се и многу шокантни.
Имено, актерката откри дека за време на реконструктивната постапка, лекарите и ги зголемиле градите без нејзино знаење и согласност.
Тоа било во 2001 година, а Стоун се присети дека веднаш по будењето од анестезија сфатила дека нејзините гради се зголемени.
Причината за постапката била да се отстранат бенигните тумори на дојка, а хирургот и објаснил дека смета дека ќе изгледа подобро со поголеми гради.
– Кога ме завиткаа, сфатив дека имам поголеми гради за еден број, а докторката рече дека ќе изгледа подобро со големината на колковите – напиша таа во новата книга, чиишто делови ги пренесува магазинот „Тајмс“ .
Овој инцидент е само една од многуте срамни епизоди што Шерон Стоун детално ги опиша во својата книга „Убаво е да се живее двапати“.