Колку жестоки и немилосрдни зимите можат да бидат во Казахстан, најдобро сведочи снимка од елен, чија скоро цела глава замрзнала на дебел минус.
Видеото, кое се појави на социјалните мрежи, е снимено од локални жители.
Како што поминувале, забележале елен и дека нешто не е во ред со него. Кога се приближиле, сфатиле дека муцката е покриена со снег. Исплашениот елен се обидел да избега, но локалното население не се предало и на крајот успеало да му помогне.
Патем, зимите низ целиот Казахстан се студени, но особено сурови зими има на северот и истокот на земјата, каде просечните температури се помеѓу -15 и -20 степени Целзиусови.
Во текот на ноќта, температурата може да се спушти на -30 до -40 степени Целзиусови.