Кошаркарите на Куманово денеска на домашен терен забележаа пораз во првиот меч од втората фаза на регионалната БИБЛ лига. Со резултат 70:87 беа совладани од составот на бугарскиот Академик Пловдив.
Убедлива игра кошаркарите на бугарскиот тим прикажаа уште на стартот на мечот и во првата четвртина избраниците на тренерот Игор Ѓорѓиевски се мачеа да го достигнат играчкиот ритам на Академик.
По првите десет минути игра семафорот означи 13:22.
Лоша беше и втората четвртина за кумановци кои не успеаја да израмнат до полувреме кога резултатот беше 22:37.
По кратката пауза кумановци се вратија во игра поагресивно, со поголема концетрација и помалку загубени топки и промашувања споредбено со првиот дел од средбата.
Третата четвртина заврши со 30 поени уфрлени од Куманово и 19 за противникот.
Последните десет минути на теренот, иако изгледаше дека кумановци ќе ја достигнат разликата и ќе направат изненадување, ја загубија концентрацијата, се вратија на играта од првиот дел од средбата и не успаја да постигнат ништо повеќе.
Со 16.поени, Ѓекиќ беше најефикасниот играч на Куманово, Кори Рели Рос се врати со 11. реализации, а Марковски застана на десет поени.
Следниот меч од вториот дел од БИБЛ повторно ќе се игра на домашен терен во Куманово против составот на Хапоел Халон од Израел.
Текст/фото: Никола Ивановски