50 санкции за брзо возење во Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Педесет возачи денеска во Крива Паланка биле казнети за возење со брзина поголема од дозволената.

Loading...

– Полициски службеници од СВР Куманово во текот на денешниот ден (27.02.2021) презедоа мерки и активности во рамки на засилените контроли за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената и на територијата на Крива Паланка  санкционираа 50 возачи кои  управувале возила со брзина поголема од дозволената, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Од сообраќај биле исклучени и  6 возила поради други прекршоци.

Засилените контроли, велат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, додаваат од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply