СДСМ денес полни 24 години (видео)

Сподели со своите пријатели

Социјалдемократскиот сојуз покажа зрелост во сите клучни моменти за државата, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев во 24 -тата партиска роденденска честитка.

Loading...

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како политичка партија е основана на 21 април 1991 година на 11 Конгрес на СКМ-ПДП кога врз основа на иницијативата на Претседателството на ЦК СКМ–ПДП од 14 февруари 1991 година и предлогот на Централниот Комитет на 23 февруари 1991 година е донесена и одлуката за промена на името од СКМ–ПДП во СДСМ.

СДСМ, како одговорна партија успешно одговори на сите предизвици: од осамостојувањето на земјата и формирањето на институциите, преку меѓународното етаблирање на земјата, премостувањето на воениот конфликт, до трасирањето на патот на Македонија кон Европската Унија и НАТО, истакнува Зоран Заев во неговото обраќање.

Денес, на 24-от роденден, СДСМ е исправена повторно пред еден од најголемите предизвици од независна Македонија – враќање на сите срушени вредности од страна на 9-годишната расипничка и узурпаторска власт. Денеска, во чест на роденденот на СДСМ ја испраќам силно пораката, дека СДСМ ќе ги врати демократијата и слободата во државата!

Храбро и одважно, со проектот Вистината за Македонија застанавме на браникот на заштитата на човековите и државните вредности.

Порачувам дека нашата посветена работа продолжува и нема да застанеме додека не им ги вратиме на граѓаните и на Македонија!

Со гордост го честитам роденденот на Социјалдемократскиот сојуз и ве повикувам вас граѓаните да се приклучите во историската битка што ја поведовме, за достоинствени граѓани на достоинствена, демократска и европска Република Македонија, вели Заев.

 

 

Leave a Reply