Во изминатите 24 часа во САД од Ковид-19 починале 3.124 лица, што е најголем број на смртни случаи за еден ден од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на универзитетот Џонс Хопкинс.
Loading...
Тоа се повеќе смртни случаи отколку во терористичките напади во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година, кога беа убиени 2.977 лица.
Од почетокот на пандемијата во САД од Ковид-19 починале повеќе од 290.000 луѓе, а повеќе од 15 милиони се заразиле.
Јасмина Тасевска