Кинеската Управа за цивилно воздухопловство препорача, при чартер-летови со дестинации со висок ризик од Ковид-19, екипажот да носи пелени за еднократна употреба и да се избегнува користење тоалети. Целта е да се намали ризикот од зараза со коронавирусот.
Советот е на списокот упатства за авиокомпаниите за спречување на ширењето на Ковид-19. Брошурката има 38 страници. Советите во врска со пелените се во делот за опрема за лична заштита.
Управата наведува дека препораката се однесува на чартер-летови од и до земји и области каде што бројот на заразени надминува 500 на милион луѓе.
Исто така, се препорачува употреба на медицински заштитни маски, медицински ракавици за еднократна употреба, заштитни очила, капи за еднократна употреба, заштитна облека и навлаки за обувки.
Според Блумберг, кинескиот домашен авијациски пазар закрепнува и е близу до нивоата пред пандемијата.
Слободан Иванов