Кинеска сензација која го полуде светот: Заработува 6 милиони дневно (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сите броеви поврзани со видео играта на кинескиот девелопер miHoYo ја изненадуваат широката сцена со игри.

Loading...

Ако сакате да го споредите бројот на играчи или заработката на оваа титула, во двата случаи ќе добиете астрономски бројки и стремеж кон постојан раст.

Според најновите статистички податоци на веб-страницата „Sensor Tower“, Genshin Impact за два месеци заработил околу 393 милиони долари. Овој отворен светски RPG собра 60 милиони само во првата недела.

 

Видео играта го зазеде второто место според заработката на мобилните телефони, веднаш зад Honor of Kings на Tencent, и веднаш над друга видео игра во сопственост на Tencent, PUBG Mobile.

Се верува дека Геншин заработува повеќе од 6 милиони долари на ден.

Интересно, најголемиот дел од заработката доаѓа од играчи надвор од кинескиот пазар.  Гејмерите од Јапонија и САД трошат најмногу пари досега.

Loading...

 

Геншин е на петтото место според заработката во овие земји, но и на јужнокорејскиот пазар.

Корисниците на Apple App Store придонесуваат со 226 милиони долари, а од Google Play заработува 167 милиони долари.

Геншин забави со заработувачката во вториот месец, но населението веројатно беше малку заситено од содржината.

Она што ќе биде интересно е како, во иднина, miHoYo ќе го задржи интересот на повеќе од милион играчи.

 

Loading...

Leave a Reply