Како што информира СВР Куманово, на 19.04.2015 година во 03,45 часот во Куманово на ул. „Ленинова“, од страна на полициски службеник било сопрено ПМВ „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.И.(29) од Куманово.
Од извршена контрола на возачот и возилото, поради сомнение дека управува возило под дејство на алкохол, над истиот било извршено алкотесирање, при што било констатирано 1.05 промили алкохол во крвта.
Од страна на полицискиот службеник на возачот му било кажано дека ќе му биде изречена глоба, по што истиот се обидел да ги земе документите од полицискиот службеник и започнал да го навредува.
Б.И. е приведен во полициска станица и против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава.