Починатиот 27-годишник на Инфективна е од Липково

Сподели со своите пријатели

Од кумановскиот Центар за јавно здравје потврдија дека денеска на Инфективната клиника во Скопје починал 27-годишен пациент од Липково од компликации од Ковид-19.

Loading...

Од Центарот за јавно здравје информираат дека пациентот прво бил под надзор на матичен лекар, по што се лекувал на Инфективното одделение во Општа болница Куманово, а потоа, поради влошување на состојбата е префрлен на Инфективната клиника во Скопје.

Од Центарот информираат дека ги следат контактите на пациентот.

Александра Максимовска, Куманово

Leave a Reply