Сопственикот на една куќа ја разбуди фантазијата кај корисниците на интернет кога откри тајна просторија скриена зад ѕидот, пет години откако се вселиле.
Видеото, кое стана вирално на интернет, покажува лице кое открива дека може да се отстранат две тули во сивиот камен ѕид на трпезаријата и дека зад нив има златна брава.
Всушност, има врата, совршено маскирана во остатокот од ѕидот, зад која се наоѓа просторија со големина на плакар за која сопствениците на домот не знаеле дека постои.
Видеото прво беше објавено на „Редит“ со натпис: „Јас живеам во оваа куќа веќе пет години и никогаш не сум забележал дека има тајна врата што води кон мал магацин зад трпезаријата“.
Ова беше доволно за многу гледачи да ја споредат оваа ситуација со „кошмар“, додека еден во коментар напиша: „Замислете да ја отворите и да пронајдете знаци дека некој живее таму подолго време“.