Платиле мачка 6.000 евра, но по три дена сфатиле што всушност купиле

Сподели со своите пријатели

Двојка од Франција купила мачка од расата Саванах за неверојатни 6.000 евра преку интернет, но кога конечно ја вдомиле „мачката“,по неколку дена забележале дека всушност станува збор за бебе тигар, пишува Дејли Меил.

Loading...

Наместо мачката од типот Саванах, која е мешавина од домашна и дива мачка, им бил продаден самутрански тигар и веднаш по откритието ја повикале полиција да го испита случајот.

Двојката видела оглас за мачката на интернет, а потоа се договориле со продавачот дека ќе му дадат пари при преземањето на животното, што тој го исполнил.

 

 

И покрај разликите помеѓу мачката Савана и тигарот, парот тврди дека тие не забележале веднаш за што всушност станува збор и дека се грижеле за мачката три дена пред да сфатат дека всушност станува збор за тигар.

Полицијата не била во можност да открие од каде е набавен тигарот, но тие потврдија дека е во добра состојба и дека е сместен во посоодветно живеалиште.

Loading...

Leave a Reply