Археолозите кои го анализирале черепот на една англосаксонска девојка дошле до страшно откритие кое ги расветлува бруталните казни изречени за крадците во раната средновековна Англија.
Анализата на черепот покажа дека на девојката, за која се сметало дека имала помеѓу 15 и 18 години за време на нејзината смрт, и биле отсечени носот и усните, а можеби и била скалпирана како дел од казната.
Археолозите во Сахара пронајдоа ковчези со мумии (ВИДЕО)
Тим истражувачи од Универзитетскиот колеџ во Лондон (УЦЛ) верува дека таа починала кратко време по здобиените повреди бидејќи остатоците не покажале делови на заздравување.
Истражувачите процениле дека пронајдените остатоци датираат помеѓу 776 и 899 година од новата ера, пишува Си-Ен-Ен.
„Овој случај се чини дека е првиот археолошки пример за оваа особено брутална форма на осакатување на лице познато од англосаксонска Англија“, рече тимот на UCL во соопштението за медиумите во врска со наодите, објавени во списанието „Антиквитет“.
Законите од англосаксонскиот период, кои траат од повлекувањето на Римјаните од Велика Британија во 410 година до норманското освојување во 1066 година, покажуваат дека казните како овие биле изрекувани на прељубници и на робови фатени како крадат.
Бизарно откритие на археолозите: Деца погребани со кациги направени од черепи на други деца
Иако истражувачите успеале да утврдат на кој начин починала, за жената малку се знае.
Тие не пронашле докази дека е погребана на „нормални“ гробишта, што сугерира дека е погребана како отфрлена.
Ова само по себе можело да биде казна, бидејќи прогонството било исто така честа казна во Англосаксонска Англија.