Осаменоста би можела да добие епидемиски размери, предупредуваат научниците

Сподели со своите пријатели

Луѓето се социјални суштества на кои им треба дружење. Покрај тоа, луѓето кои имаат послаби социјални вештини имаат 50 проценти поголема веројатност да живеат пократко отколку оние кои имаат посилни социјални врски, покажуваат резултатите од мета-анализата во која беа вклучени повеќе од 308 илјади луѓе.

Loading...

Со други зборови, се чини дека осаменоста е исто толку смртоносна како и пушењето 15 цигари на ден.

Ова е особено вознемирувачко со оглед на тоа што многу експерти за ментално здравје велат дека пандемијата на коронавирусот го влошува проблемот со осаменоста ширум светот.

Но, не е секогаш лесно да се препознае осаменоста.

„Луѓето се плашат да признаат дека се осамени поради стигмата што ја носи – се плашат дека ќе бидат осудени или отуѓени“, изјави за „Инсајдер“ Бабита Спинели, терапевт од Њујорк.

„Тоа ги спречува да го надминат тоа чувство или да се обратат кон други за помош“, додаде таа.

Она што е интересно е дека има дури шест физички симптоми што може да ги предизвика самотијата и на кои не им се обрнува внимание.

 

Loading...

 

Затнат нос и други симптоми на настинка

„Кога се чувствуваме осамено, кога немаме интеракција со луѓе, се чувствуваме ранливо, се загрозено и нападнато“, рече Кори Флојд, професор по комуникација на Универзитетот во Аризона, кој проучувал како наклонетоста влијае врз стресот и физиолошкото функционирање.

Не можете целосно да оздравете

Здраво тело и ум можат да се опорават од настинка. Сепак, оној кој е обземен од осаменост може да се разболува повторно и повторно, рече Спинели.

„Едно лице може да се чувствува болка или постојано да е под стрес, без да го поврзува тоа со осаменоста“, рече таа, додавајќи:

„Тој може да го дефинира како периодично физичко заболување, а не да гледа на тоа како на нешто емотивно“.

Loading...

Тешкотии при спиење

Осаменоста може да се совпадне со депресијата и да ги дели симптомите со неа, рече Спинели, а тоа може да вклучува тешкотии при спиење или премногу спиење.

Главоболка

Главоболките исто така можат да бидат симптом на осаменост, па дури и депресија.

 

 

Дебелината

Loading...

„Нарушувањата на хормоните предизвикани од чувството на осаменост исто така може да доведат до дебелеење“, рече Спинели.

Постојано проверување на социјалните мрежи

Иако не е физички симптом сам по себе, одредени однесувања, вклучително и постојано проверување на социјалните мрежи „и нивно користење како замена за директен контакт со луѓе, исто така се сигнал дека осаменоста негативно влијае на вас“, објасни Спинели.

Leave a Reply