Општина Куманово ги достави барањата на училиштата за начинот на изведување на наставата до МОН

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, денеска информираше дека списокот со барање за начин на изведување на наставата, секторот за образование од општината го доставол до Министерството за образование и наука.

Loading...

Централните училишта од урбаната средина во Куманово се одлучиле за онлајн настава или комбиниран модел, додека речиси сите подрачни училишта во приградските и руралните средини се одлучиле за настава со физичко присуство.

Сепак, нагласува, Димитриевски, конечниот збор го имаат Министерството за образование и наука и комисијата кои одлучуваат, по однос на барањата на училиштата, а потоа се носи и одлука на Советот на општината.

Општина Куманово и 21-то училиште, додава тој, ќе ги следат насоките.

– Во моментов, општината се обидува да помогне на одредени училишта со набавка на технички средства, средства за дезинфекција за да може непречено да почне образовниот процес. Инаку, мора да потенцирам дека на анкетите коишто беа спроведени во добар дел од училиштата на подрачјето на општината, најголем дел од родителите се изјаснија дека сакаат физичко присуство-изјави Димитриевски.

Во овој период, информираше кумановскиот градоначалник се работи на инсталација на оптички кабел, нова мрежа за да се овозможи подобар проток на интернет.

– Како ќе биде постапката во делот на воспитно-образованиот процес понатаму, не можеме да претпоставиме и ќе ги следиме инструкциите кои доаѓаат од Министерството. По добивање на согласност од Комисијата, истите одлуки ќе ги ставиме на разгледување на советот-рече Димитриевски.

Во списокот од 21 училиште во Куманово од кои 16 основни и пет средни, има различни барања за следење на наставата во зависност од просторните можности, број на ученици, па така училиштата од урбаната средина со поголем број ученици бараат онлајн настава, дел комбинирана, а училиштата од рурални средини и со помал број ученици, настава со физичко присуство.

Loading...

Куманово има околу 15.000 ученици во основно и средно образование,  воедно е една од најпогодените општини од пандемијата Ковид 19 со над 1.600 ковиддијагностицирани лица од почетокот на епидемијата.

Кои кумановски училишта побараа физичка, а кои онлајн настава?

МИА

Leave a Reply