Како селото Думановце го добило своето име?

Сподели со своите пријатели

Крај стрмните брегови на Липковка, петнаесетина километри од Куманово спрема Карадак, се пристира едно од најубавите кумановски села – Думановце.

Loading...

Патот до него води преку две езерски брани, гигантски попречени пред брзата планинска река во кањонот.

Како селото Пелинце го добило своето име?

Но, пред изградбата на браната Глажња да избрише од географската карта деведесетина куќи во селото, тоа било доста живо, а ако во продолжение дознајте како селото го добило своето име.

При населувањето на оваа село, сите околни краишта и денешни села биле христијански и насекаде владеел мир и благосостојба. По необработените речни корита и падини паселе бројни стада обви, говеда и кози, а гората била густа, непреодна и полна со дивеч.

Како настанало кумановското село Лопате и како го добило своето име?

По козјите патеки, што змијулесто го опашувале Карадак, честопати врвеле нови сточари, што се населувале во овој крај. Една таква поголема група христијански преселеници се движела спротивно на Липковка, стигнале до селото Думановце и тука заседнале десетина дена.

Некои од групата по неколку пати доаѓале во оваа место и порано, но никако не можеле да се одлучат од која страна на реката да ги подигнат куќите. Долго време „се думале“ населениците та надалеку се расчуло за нивната неодлучност.

Loading...

Приказната за Бојков кладенец од кумановското село Степанце

Најпосле, куќите за идното село решиле да ги подигнат на двата брега од реката, едно на исток од реката, друго на запад, а по долгото меѓусебно „думање“ селото било наречено Думановце.

Извор: „Наш весник“ 1 април 1940 година

Leave a Reply