Како настанало кумановското село Лопате и како го добило своето име?

Сподели со своите пријатели

Пред многу години во денешното кумановско село Лопате не постоела никаква куќа, а целата околина била необработена мочурлива ледина.

Loading...

Седум години поред во зимите тука доаѓал на паша со своето стадо од 3.000 овци некој газда Лука, христијанин од Приштина, со своите тројца синови.

Газда Лука тука подигнал големо трло, но бидејќи ливадите биле мочурливи и му се валкале овците во блатото, во ширина околу ограденото трло подигнал кружен окоп со мал насип, но со оглед на ширината на трлото, газда Лука успеал само да го лопатува со по неколку превртувања на земјата со лопатата.

Тој лопатуван круг се гледал од многу далеку сред зелените утрини во полето и за разлика од другите делови на необработеното поле, луѓето го нарекле Лопате.

По седум години номадска паша, на газда Лука му се допаднало местото и решил засекогаш тука да се настани. Но, уште во првите денови дошол некој Турчин и му ја пренел заканата:

– Газда Луко, ако не се потурчиш ќе те убиеме!

– Веднаш да им кажеш, не да се потурчам само јас, туку ќе ги потурчам и жените и кучињата, се ќе потурчам, зашто да гинам – одговорил газда Лука и по неколку дена се потурчил со двајцата свои синови, а третиот си останал на стариот имот во Приштина.

Подоцна едниот син на газда Лука останал во селото Лопате и од разни села доаѓале кај него да купуваат трева, а другиот станал турски офицер во Скопје.

Loading...

Но, по некое време газда Лука умрел, а слегнале качаци од Карадак да уриваат и пљачкосуваат по селата во полето и да ја сотираат стоката и бранејќи се од нив, младиот бег бил ранет.

Тој се кренал од својот конак во селото Лопате и отишол во Скопје за да се лекува кај брат му, а братот, турски офицер, дошол со потера турски аскер, та многу качаци испотепал, а некои во вреќи ги поврзал и ги одвел за Скопје на нивните коњи.

Извор: „Наш весник“, 15 февруари 1970 година

Leave a Reply