Како селото Пелинце го добило своето име?

Сподели со своите пријатели

Распространето на двата брега на реката Пчиња, околу 20 километри од Куманово, се наоѓа селото Пелинце, познато во Народно ослободителната борба како центар на т.н. „Козјачка држава“.

Loading...

Според легендата некогаш тука живееле самовили кои секоја вечер играле крај бистрите води на реката Пчиња и ги плавеле своите бели наметки, широки и по дваесет аршини.

Како пред половина век бил замислен изгледот на Куманово во 90те?

На нивната буавина се восхитувале овчарите, гледајќи ги скришум од околните ридови. Но, некоја ноќ, по паѓањето на обилни поројни дождови во горниот тек на реката, потекла голема и силна матица која носела се пред себе.

Во исто време, покрај самовилското собиралиште поминувал некоја сиромашен обчар, свирејќи со својот кавал. Самовилите се занеле во неговото прекрасно свирење и зашеметени уживале во песната.

По извесно време како молња пројурила матицата на надојдената река и во своите пенливи бранови ги голтнала сите самовили. Оттогаш никогаш повеќе не се вратиле, а овчарот долго ги барал по течението на реката, ги барал и засегнат од така тешко оболел.

Како кумановското село Кучкарево го добило своето име?

Продолжувајќи го својот пат, овчарот насекаде ја раскажувал трагедијата. Луѓето му советувале дека може да го излечи само билката пелин, која тогаш растела само крај самовислките собиралишта. Тогаш тој се вратил на местото на несреќата, крај реката, нашол пелин, се излечил и решил засекогаш да остане тука.

Loading...

Подоцна се оженил, а новооснованото село го нарекол Пелинце.

Извор: „Наш весник“, 1 јануари 1970 година

Leave a Reply